Скорсезе и Бланшет го прогласија 71. Филмски фестивал во Кан за отворен

Од:

Американскиот режисер Мартин Скорсезе и австралиската глумица Кејт Бланшет, синоќа го прогласија за отворен 71. Филмски фестивал во Кан, прв по избивањето на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.

– Ние ја споделуваме страста кон кинематографијата, сите сме овде, за да ја славиме седмата уметност, истакна режисерот на „Таксист” и „Починатите“, кој заедно со Бланшет официјално го отворија фестивалот, кој ќе трае 12 дена.

Скорсезе ја доби специјалната награда „Златна кочија” за неговата „смелост и решителност во режирањето и продукцијата“. Оваа награда се врачува на самото отворање на свеченоста, почнуваќи од 2002 година.

Новитет на годинешниот фестивал, меѓу другото, е и тоа што е отворена „жешка линија“ за пријавување на сексуално злоставување и вознемирување, што ќе биде и една од темите за дискусија на фестивалот.

Бланшет годинава е претседателка на жирито составено од девет члена. Покрај неа, во жирито се и француската глумица Леа Сеиду, режисерот Робер Гедигјан, како и Американките Кристен Стјуарт, режисерката Ава Дуверне, канадскиот режисер Дени Вилнев и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.

„Златната палма“ за најдобар филм ќе биде врачена на 19 мај. За оваа награда се борат 21 филм.

Би можело да ве интересира

Новиот филм на Џони Деп го отвора Канскиот филмски фестивал

Ана Ололовска

Во Кан денеска ревија на филмови и награда во чест на Димитар Николов-Таки

Ана Ололовска

Отворен 74. Меѓународен филмски фестивал во Кан

Ана Ололовска

Во Кан вечерва почнува 74-от Меѓународен филмски фестивал

Ана Ололовска

Кан „едвај чека“ на стартот на филмскиот фестивал по „ужасната“ година

Ана Ололовска

На повидок културна битка помеѓу двата најголеми фестивали во Франција филмскиот во Кан и театарскиот во Авињон, кои треба да се одржат во исто време

Ана Ололовска