Во Кан вечерва почнува 74-от Меѓународен филмски фестивал

Од:

Во Кан вечерва почнува 74-то издание на Меѓународниот филмски фестивал, на којшто за Златната палма ќе се натпреваруваат 24 филма.

Фестивалот ќе биде отворен со домашниот филм на режисерот Лео Каракс – „Анет“ (Франција). На списокот филмови во трката за Златна палма, меѓу другите, се и дела на Италијанецот Нани Морети, Американецот Шон Пен, Русинот Кирил Серебреников и Французинот Жак Одијар.

Во конкуренција се и „Француска диспечерка“ на американскиот режисер Вес Андерсон и „Бенедета“ на Холанѓанецот Пол Верховен.

Американскиот режисер Спајк Ли ќе биде претседател на жирито, додека американската глумица и режисерка Џоди Фостер, пак, ќе ја добие почесната Златна палма.

Повеќе од 60 филмови ќе бидат прикажани за време на фестивалот, кој ќе трае до 17 јули. Канскиот фестивал, кој обично се одржува секој мај, беше преместен во јули годинава поради пандемијата на коронавирусот. Нема повеќе полициски час или ограничувања за бројот луѓе во киносалите во Кан, но носењето маска останува задолжително во затворен простор.

Би можело да ве интересира

Во Кан денеска ревија на филмови и награда во чест на Димитар Николов-Таки

Ана Ололовска

Отворен 74. Меѓународен филмски фестивал во Кан

Ана Ололовска

Кан „едвај чека“ на стартот на филмскиот фестивал по „ужасната“ година

Ана Ололовска

На повидок културна битка помеѓу двата најголеми фестивали во Франција филмскиот во Кан и театарскиот во Авињон, кои треба да се одржат во исто време

Ана Ололовска

Агенцијата за филм застапена со е-павилијон на Филмскиот маркет на Канскиот фестивал

Ана Ололовска

Канскиот фестивал е одложен за крајот на јуни

А1он