А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УСАИД ќе продолжи со подршка на проекти во Македонија

by А1он08/05/2018 - 18:51175
Share0

Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија денеска престојуваше во Дебар.

Добивај вести на вибер

Тој се сретна со градоначалникот Ружди Љата, а потоа присуствуваше на спортската активност во основното општинско училиште „Саит Најдени“ во рамки на УСАИД проектот „Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“.

На настанот учествуваа ученици од ова, како и од најголемото дебарско ООУ „Братство единство“, а го проследија и претставници на локалната власт и просветни работници.

– Овие иницијативи во партнерство со граѓаните на Македонија имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во Македонија. Во изминатите четврт век во Македонија имаме подржано многу проекти и таа подршка нема да изостане и понатаму, посочи Гонзалес.

Тоа со цел, посочи, за да се создадат нови работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интергираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд.

Инаку, како што беше неодамна кажано по повод одбележувањето 25 години УСАИД во Македонија, период во кој во се поддржани 157 проекти во доменот на инклузијата во образованието, демократијата и економскиот развој, за што се вложени 610 милиони долари.

Во општина Дебар УСАИД има реализирано повеќе проекти, еден од нив е и изградбата на патот покрај брегот на Дебарско езеро,едно од најубавите места во градот.

usaid

Би можело да ве интересира

Нема докази дека Хамас ја краде хуманитарната помош во Газа, соопшти USAID

Катерина Ѓуровски25/07/2025 - 14:11

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 14:06

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Горан Наумовски24/03/2025 - 22:02

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

Горан Наумовски17/03/2025 - 22:52

На работниците на УСАИД им e наредено да се уништат доверливите документи и персоналните досиеја

Горан Наумовски12/03/2025 - 14:35

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Горан Наумовски03/03/2025 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен