Доделена донација за ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес

Од:

Делегација на германското стопанство во Македонија, германската компанија Маркарт и учесници на релито „Европа Ориент“ денеска во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес доделија донација вредна 40 илјади евра.

Заблагодарувајќи им се на донаторите Боро Ристовски директор на училиштето, информира дека со донацијата ќе се овозможи техничко опремување и реконструкција на работни простории во училиштето.

Како што појасни Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, со обновувањето на овие простории учениците ќе може да се стекнат со практично знаење во иднина ќе овозможи спроведување на програмата за дуално стручно образование, каде што ќе се едуцира кадар кој е потребен на пазарот на трудот.

Д-р Шуман поранешен директор на германската фирма Маркарт во Кина и воедно предводник на релито појасни дека Релито „Европа-Ориент“ се вози на релација Германија-Јордан, ова рели се одржува веќе 13 години и е едно од последните во Европа. Учествуваат 38 тима и целта идејата за релито е да се соберат доволно средства за донации, како и да се запознаат што повеќе култури низ Европа и Азија.

– Во Македонија ја направивме оваа донација за училиштето Коле Неделковски и се надеваме дека ќе помогнеме во едукацијата на многу млади луѓе. Јас својата кариера ја започнав завршувајќи средно стручно образование, потоа станав инженер. Инаку од Македонија ќе продолжиме за Турција и од таму за Израел каде што завршува релито. Во Израел донациите ќе ги намениме за чистење на мртво море, појасни д-р Шуман.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ