Индиски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Од:

Индиските компании се заинтересирани да инвестираат во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор во Македонија. Интерес има и за филмската индустрија и за информатичката технологија.

Ова денеска во Скопје му го пренел индискиот министер за текстил и индустрија Ајау Тамта на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши.

Од Министерството за економија информираат дека на средбата министерот Бектеши посочил дека двете држави како земји-членки на Светската трговска организација треба да склучат договор за економска и трговска соработка. Оценето е дека економските односи меѓу Македонија и Индија се многу добри, но оти има потреба од интензивирање на годишната трговска размена која изнесува 50 до 60 милиони долари.

Министерот Бектеши го информирал индискиот министер Тамта за поволните услови што им се нудат на потенцијалните инвеститори и посочил дека индиските компании би можеле да ја искористат Македонија како центар за дистрибуција на финални производи низ Европа и пошироко, посебно во Турција и Украина.

Текстилната индустрија во Индија вработува 45 милиони луѓе, додека годишниот извоз достигнува 40 милијарди долари. Размената меѓу Македонија и Индија во 2017 година изнесувала 54,6 милиони долари, а во 2016 година – 64,7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал