Штипските студенти на Правниот факултет ги презентираа истражувањата од анкетата за поддршката за ЕУ и НАТО

Од:

Продолжува поддршката на Македонците за влез во Европската унија покажува и анкетата, што која ја имаат спроведено студентите, заедно со своите професори од Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип (УГД), а која денеска беше презентирана во рамки на одбележувањето на Денот на Европа.

Универзитетскиот професор Страшко Стојановски вели дека анкетата е спроведна на 500 испитаници и се однесува повеќе на мислењето на Македонците.

– Во анкетата имаме поголема поддршка за членство во ЕУ, за разлика од членството во НАТО. Но, имаме интересен индикатор, каде што се забележува, а тоа не сме го виделе досега во други анкети, дека со опаѓањето на возрасната категорија, опаѓа и поддршката особено за членство во НАТО. Поддршката за членство во НАТО изнесува некаде околу 62,9 проценти, но кај најмладите категории. Кај студентите оваа подршка опаѓа некаде околу 55 проценти, а најголема е поддршката кај пензионерите и кај повозрасните категории, вели Стојановски.

Тој забележува дека преку оваа анкета може да се претпостави и забележи дека младите се попацифистички настроени, за разлика од повозрасните, кои заради безбедноста на државата и сигурноста за младите генерации ја даваат поддршката за членство во НАТО.

Во рамките на анкетата испитаниците одговарале и на прашањето: Која од светските сили ја чуствувате за најблиска или најпријателска?, при што речиси по една третина се застапени Русија, САД и Германија.

– Германија е тука изненадување, претпоставувам економската поврзаност најмногу влијае. Русија за нијанса има малку поголема поддршка. Но, многу интересен податок е дека оние кои се определиле за Русија и сме ги запрашале дали сте за членство во НАТО, во најголем дел или над 70 проценти, сепак се за членство во НАТО Алијансата. Уште еден интересен индикатор и покрај поддршката за членство во НАТО и ЕУ, доколку се постави прашањето: Дали сте за членство под услов да се промени уставното име на Репеблика Македонија, поддршката апсолутно се губи, и таа поддршка изнесува околу 9 проценти, рече Стојановски.

Според оваа анкета на студентите од штипскиот Правен факултет во реалните вредности поддршката за ЕУ е над 70 проценти, а за членство во НАТО под 63 проценти.

Во рамките на одбележувањето на Денот на Европа на Правниот факултет при УГД-Штип, денеска беа промовирани и книги и научни трудови на универзитетските професори, а меѓу кои публикацијата „Не е шега цензура и дискриминација“, изработена од трудовите на студентите, потоа книгата „Медиумско право“ од професорот Андон Мајхошев и зборниците. Одбележувањето на Денот на Европа се реализира и во соработка со студентите од Ликовната и Музичката Академија.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена