Шкода планира кросовер со седум седишта

Од:

Од компанијата Шкода пристигнуваат нови детаљи за идниот кросовер што ќе биде достапен и во верзија со седум седишта и што треба да се појави на пазарот до 2015 година.

Претседателот на компанијата Шкода, Винфрид Вахланд, во разговор за Аuto Ехpress изјави дека новиот модел нема да го користи постојното име Јети, како што првично беше замислено, туку ќе добие сосема нова ознака.

Новото возило на Шкода ќе биде поголемо од Јети, а ќе се изработува во варијанта со пет и седум седишта.

Во чешкиот производител планираат годишно производство од 100.000 парчиња и очекуваат значителен дел да се пласира на кинескиот пазар.

Вахланд, кој дел од својата кариера во периодот 2005-2010 година го мина на чело на Фолксваген во Кина, вели дека на идејата за новиот кросовер дошол токму во оваа далекуисточна земја.

-На Кинезите им се допаѓа Јети, а едноставно тие обожуваат големи СУВ возила, така што помислив зошто врз основа на тоа да не го искомбинираме новиот модел, кој освен на кинескиот ќе биде понуден и на другите светски пазари, објасни Вахланд.

Се претпоставува дека новиот модел на Шкода ќе се темели на платформата на Фолксваген Таурег, а на пазарот ќе се обиде да му се спротивстави на новиот Хјунади Санта Фе, што исто така може да се добие во две конфигурации- со пет и со седум патници.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска