Недоследности со исплата на плати и субјективна исплата на прекувремени работни часови, пропусти во системот на внатрешна контрола, едно лице на повеќе рабтни места, ова се дел од наодите во новообјавениот ревизорски извештај за работењето на Институтот за јавно здравје за период (2016 година) во кој директор на институцијата е д-р Шабан Мемети, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Со извршената ревизија утврдено е дека институтот во текот на извештајниот период функционирал само со еден директор, како вршител на должност и до денот на ревизијата не било донесено решение за именување на медицински и организациски директор на институцијата.
Една од забелешките се однесува на системот на внатрешни контроли во институцијата, кој е клучен за да се спречи ризик од плаќања на некомплетна и непотврдена документација, што пак, според ревизорот, може да се рефлектира на расходите и да создаде ризик од ненаменско и незаконско користење на средствата.
„Во текот на 2016 година Институтот за јавно здравје функционира без воспоставени интерни контроли и процедури за: прием и издавање на материјали, располагање и користење на постојани средства, право на користење на средствата за репрезентација, што го зголемува ризикот при користење на средствата“ – наведуваат ревизорите.
Еден човеќ на повеќе позиции – работните места и платите под ревизија…
Недоследности со исплата на плати и систематизацијата на работните места се констатирани во ревизиорскиот извештај а се проблематизира и висината на платите за некои работни места.
„Во делот на пресметка и исплата на платите констатирани се неправилности во погрешна примена на коефициентите на платите, начинот на пополнување на систематизираните места за кои не е даден опис на работните задачи по работни места како и субјективна исплата на прекувремени часови“ – посочува ревизорот и додава:
„Работно место е пополнето со лице кое има доставено образовна диплома од оваа област (конкрентно посочена во извештајот), за која не е доставен доказ дека е нострифицирана од надлежен орган во нашата земја. Утврдената состојба создава ризик во делот на утврдување на висината на платите на вработените“.
Проблеми се констатирани и во систематизацијата, едно лица на повеќе раководни функции.
„Позициите раководител на сектор и началник на поедини одделенија во неколку случаи се зафатени од едно исто лице. Едно лице во исто време се јавува и како началник на одделение и како извршител во друго одделение“ – се нотира во ревизорскиот извештај.
Недоследности има и со висната на платите.
„Од избраниот примерок од 25 персонални досиеја на вработни, за три вработени лица утврдивме дека се извршени исплати на плати во износ кој е повисок од предвидените коефициенти во Колективниот договор“ – наведува ревизорот и го нотира начинот на кој се исплаќале надоместоци за прекувремена работа, па така констатира дека вакви надоместоци се исплаќале дури и со бланко одобренија, а во дел од одбренијата пак воопшто не се наведувале работните задачи што требале да бидат извршени вон работно време, а сепак биле платени.
„Утврдивме дека исплатите по овој основ воглавно се однесуваат на едни исти вработени лица“ – се наведува во ревизорскиот извештај.
Пропусти и проблеми се констатирани и во пописниот дел.
„Не е извршено материјално евидентирање на мобилните телефони стекнати врз основ на склчени договори, на барање на ревизорот, субјектот не обезбеди докази за склчени договори за донација за донирани средства во износ од скоро 96 000 евра, што не е во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности“ – се вели во ревизорскиот извештај.
Во извштајот се сублимира дека има грешки во утврдувањето на висината на платите, несоодветно утврдените коефициенти за раководење, неоснованата исплата на надоместоци за прекувремена работа, што го зголемува изностот на расходите, непотврдена материјална состојба на постојаните средства, евидентирани постојани средства нез вредност и евидентирани постојани средства кои не се во сопственост на институтот.
Во март годинава, одговорното лице испратило забелешки на Нацрт извештајот, и од добиените пет забелешки во однос на финансиските извештаи, една била прифатена а четири биле одбиени.
Меѓудругото, институтот информирал дека покрај табеларниот дел, во Правилникот за организација и систематизација на работните места има и опис на работните задачи, раководењето со повеќе сектори било во согласност со посочениот правилник и дека се преземени мерки за постапување во однос на забелешките на ревизорот.
Со ревизија биле опфатени три сметки на Институтот за јавно здравје, сметката на средства од ФЗО, сметката на средства од сопствени приходи и сметката на средствата од донации.
Анализа на Порталб