Студентите на Факултетот за Медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска во рамките на првиот студентски конгрес организираа акција „Здравје за сите“.
Мартина Симовска студент на Факултетот за Медицински науки вели дека на повеќе фреквентни места во централното градско подрачје и во неколку населби во Штип, 21 тим го мерат крвниот притисок и шеќерот во крвта на граѓаните.
– Од првиот час на пунктовите се проверени околу 500 граѓани, вели Симовска.
Студентката Марија Јордановска истакна дека првиот студентски конгрес почнува од утре. Во рамките на конгресот пријавени се 300 пасивни ученици и 150 активни усченици, а како што вели Јордановска ќе имаат предавања и презентации од страна на домашни и странски професори. Конгресот ќе трае два дена.