Штип ќе формира локална акциска група за детектирање на проблемите на Ромите

Од:

Во Штип ќе се формира локална акциска група, чии членови ќе работат на детектирање на проблемите, со кои се соочува ромската заедница.

Незир Хусеини од Асоцијацијата за демократски развој „Сонце“ од Тетово вели дека во проектот кој е финансиран од Европската комисија и Советот на Европа се опфатени повеќе општини во земјава, кои треба да формираат локални акциски групи. Тој забележа дека со овој проект ќе се надмине некој друг или одредена група да одлучува за кои се потребите на ромите во една општина.

– Знаете дека секогаш Ромите чекаат некој друг да им направи нешто, е сега не. Ние сега почнуваме да правиме нешто за себе и самата заедница да си ги каже проблемите и потребите, вели Хусеини.

Проектот ќе трае три години, од него треба да произлезе и акцискиот план. Предвидени се и заеднички средби меѓу ромската заедница и локалната самоуправа, на кои ќе се лобира проектите кои ќе ги решат проблемите на ромската заедница да влегуваат во Програмите на општински институции и јавни претпријатија. Во програмата Ромактер влегуваат и општини од Западен Балкан и Турција, а која ќе им овозможи со европски пари да решат одредени проблеми.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена