Трибина „Дискриминација: Како да ја препознаам и што потоа“

Од:

Во Македонија има дискриминација и тоа врз поголем број групи граѓани, кои се уште не можат да си ги остварат правата и затоа таквите теми треба да ги доближуваме и до нив, но и до носителите на одлуки, кои треба да помогнат за системско разрешување на проблемите, беше соопштена на денешната трибина на тема „Дискриминација: како да ја препознаам“ што се одржа во Струмица.

Според Елена Петровска од „Хера“ од Скопје, целта преку вакви трибини е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации на локално ниво, на општините и на носителите на одлуки, кои треба да работат во интерес на заштитата на човековите права.

– Покрај тоа сакаме да ја запознаеме и јавноста дека има начини доколку се случи одредена дискриминација на работно место, сегрегација врз ознова на етникум, врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет, врз основа, прекршување на право на слободен пристап во некој објект поради религиозна или политичка припадност, дека имаме механизми како да ги употребиме за соодветна пријава и реакција, рече Елена Петровска од Организацијата „Хера“ од Скопје.

На трибината учествуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Тој истакна дека општина Струмица почитувајќи ја еднаквоста заедно со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување „Хера“, првиот заеднички чекор го направиле со потпишувањето меморандум за соработка во март 2016 година.

– Со Меморандумот се обврзавме на спроведување заеднички активности за заштита од дискриминација во рамките на проектот „Заштита од дискриминација на локално ниво“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Партнери во спроведување на проектот се и Народниот правобранител на Република Македонија, Министерството за правда, Комисијата за заштита од дискриминација и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, рече градоначалникот Коста Јаневски.

Трибината ја организираа Здружението за родова еднаквост „Родова перспектива“ и „Хера“ со поддршка од „Цивика Мобилитас“.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија