Јованоски: Прилепската полициска станица да го врати статусот на Сектор за внатрешни работи

Од:

На Прилеп му е потребно полициската станица да прерасне во Сектор за внатрешни работи и се надевам дека тоа ќе се случи следната година, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски при посетата на прилепската полициска станица честитајќи им го на вработените Денот на полицијата, 7 Мај.

– Прилеп не заслужува да остане само Полициска станица, туку, како општина според бројот на жителите и опфатот на површината што ја има, како надлежност прилепската полиција треба повторно го врати статусот на Сектор за внатрешни работи, статус што на полицијата ѝ е одземен речиси пред една деценија, изјави Јованоски.

Прилепскиот градоначалник разговараше со командирот на полициската станица во Прилеп Кире Спиркоски и оцени дека со својата професионалност и сериозност во работата, вработените во неа ќе продолжат понатаму со истиот успех, како и досега.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена