Се гради нов водовод во Желино, инвестиција од 665 илјади евра

Од:

Во првиот квартал од следната година се очекува да биде изграден цевководот и резервоарот за вода во општина Желино, со кој целосно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во 18-те населени места.

– Инвестицијата е со вредност од 665 илјади евра, обезбедени преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Изведувачите и надзорот информираа дека изградбата тече согласно дадените рокови и очекуваме да биде завршена во првиот квартал од следната година, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој денеска изврши увид во градежните работи.

Сугарески потенцираше дека проектот е многу значаен за целата општина, во која од 18 населени места, само во едно целосно е регулирано водоснабдувањето.

-Преку овој проект ќе создадеме услови да го решиме овој проблем за да овозможиме во следниот период останатите населени места нормално да бидат снабдени со вода, рече Сугарески.
Тој дополни дека изградбата на водоснабдителниот систем во Желино е дел од програмската определба на Владата за обезбедување високо ниво на покриеност на територијата на Македонија со водоводна и канализациска мрежа.

Како што информираше министерот за транспорт, во тек е реализација на десетина проекти во вредност од 3,3 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводи и канализации. Исто така, со средства од ЕИБ, веќе се склучени договори за изградба и надзор за 11 проекти со вкупна вредност од 4,4 милиони евра, а во фаза на тендерска постапка се осум проекти со вкупна вредност од 3,9 милиони евра

Според Сугарески, од кредитната линија од ЕИБ на располагање остануваат околу 12 милиони евра.

– Ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства да побрзаат и да достават готови проекти до Министерството за да можеме да ги реализираме. Затоа апелот се однесува до сите градоначалници на кои се уште им остануваат на располагање овие пари, изјави Сугарески.

Би можело да ве интересира

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Желино – горат гуми

Општина Желино блокира сеча на дрва, ја обвини централната власт за уништување на природата

Од денеска посебен сообраќаен режим кај наплатната станица Желино

Фирмата од Желино која го доби тендерот од МНР за конференцијата на ОБСЕ е најголем донатор на ДУИ

A1on

Управниот суд ја прифати тужбата на Беса, нема да се прегласува во Желино

А1он