Како Фејсбук проценува кои постови се несоодветни за социјалната мрежа?

Од:

Фејсбук беше во центарот на вниманието во изминатите недели заради скандалот со личните податоци на потрошувачите, кој и понатаму останува главен проблем во индустријата. Компанијата обезбеди јавен пристап до „Community Standards“ (https://www.facebook.com/communitystandards/) содржината на социјалната мрежа. Всушност, под ова име се крие база на податоци, која открива какви се стандардите за публикации и какви нешта презема Фејсбук, за да го класифицира одреден пост како несоодветен. Пристапот до стандардите ќе дозволи на секој да се запознае со овие информации.

Компанијата ја потврди својата одлука да обезбеди јавен пристап до податоците, објави „Фокс Њуз“. Фејсбук сподели дека секој треба да помине некое време за да види кои се границите на прифатлива содржина на социјалната мрежа. Еден од главните принципи на Фејсбук е да ги охрабри корисниците слободно да комуницираат и да откриваат нови луѓе и интересни работи во нивните профили. Затоа борбата со несоодветни содржини е клучен приоритет за Марк Зукерберг и неговиот тим на специјалисти.

Во моментот се користат софтверски алгоритми и тим од над 7.500 луѓе кои ги анализираат постовите во нашите сметки. Постојат над 100 агенции и надворешни организации кои го следат квалитетот на постовите. Фејсбук исто така ги повикува сите оние кои забележуваат навредливи содржини да пријават и да придонесат за справување со овој проблем. „Community Standards“ претставува најдеталниот преглед на критериумите што ги користи социјалната мрежа за да ги категоризирање на нашите публикации.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он