Во долго очекуваниот реванш во „О2 Арена“ во Лондон, Тони Белју (30-2, 20 КО) најверојатно стави крај на кариерата на светскиот шампион во две категории Дејвид Хеј (28-4, 26 КО), откако три пати го сруши на земја пред да го нокаутира во петтата рунда.
Во првата средба меѓу двајцата, која се одржа на истото место во март 2017 година, Белју направи едно од најголемите изненадувања на годината, откако се технички нокаут го сопре својот противник во 11-тата рунда.
На крајот од мечот, победникот даде емотивно интервју, посветувајќи ја својата победа на својот починат зет.
– Го изгубив мојот зет во август. Сега неговиот татко е тука и се колнам дека тој беше со мене вечерва. Ешли, те сакам, пријателе. Тој беше во мојот ум цело време и ми недостасува ужасно многу. Скршен сум, едноставно сум скршени, рече Белју со солзи во очите.
Хеј ја призна супериорноста на својот противник и негираше дека повредата е причина за неговиот пораз. Тој тврдеше дека го загубил првиот меч поради повредата на стапалото.
– Тони боксуваше одлично вечерва, направи некои навистина паметни нешта. Тој боксуваше добро, а јас не, толку е едноставно. Мислев дека сум доволно подготвен за да го победам, но се покажа дека не сум. Тони е голем шампион. Дали е ова крајот за мене? Вечерва не се чувствував добро, но не знам. Изгубив од подобриот боксер, па честитки за Тони, изјави Хеј по мечот.