Шест припадници на палестинската терористичка група Хамас биле убиени во вчерашната експлозија во појасот Газа. Хамас ја обвини израелската армија дека ја нападнала нивната позиција, јави германската новинска агенција ДПА.
Според Хамас, убиените се припадници на инженерското одделение на организацијата. Претставник на израелската армија негираше дека била вмешана во нападот, алудирајќи дека припадниците на Хамас самите се разнеле додека подготвувале бомби.