Милошоски: Да се распушти коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ да поддржи една изборна единица

Од:

Антонио Милошоски на својата фејсбук страница го искажа своето мислење за коалицијата „За подобра Македонија“ и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја поддржи идејата за една изборна единица.

„И на крај моето скромно мислење, поздраво за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прво да се распушти коалицијата “За подобра Македонија” и да се почне од ново, или истата драстично да се редуцира. И второ, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи идејата за една изборна единица и на тој начин како носечка партија да се ослободи од нужноста да влече во коалицијата партии кои не се релевантни, а преку поголемите партии стануваат некои фактори во Собранието или во советите. Со една изборна единица нема да има голема потреба од предизборни коалиции, секоја партија ќе може да се измери колку и тежи довербата, а потоа во Собрание да се коалицира на основа на програми и интереси, наместо после избори да се менуваат коалициски дресови и на тој начин да се изигрува волјата на гласачите“, напиша Милошоски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче