Дониран автомобил-машина за чистење на општина Прилеп

Од:

Нов автомобил-машина за метење улици од денеска е ставен на располагање на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп, за почисти улици во градот и намалување на штетните ПМ 10 честички. Донацијата е од „Прилепската пиварница“, а како што рече генералниот директор Сашо Самарџиоски, соработката со општината ќе продлжи и во иднина.

– Само со успешна соработка и заемно разбирање, може да се даде максимален придонес не само во реализација на развојните планови на компанијата, туку и во развојот на заедницата, рече Самарџиоски.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, заблагодарувајќи се на „Прилепска Пиварница“, ги повикува и другите претпријатија кои имаат одреден фонд за помош на заедницата да го дадат својот придонес за поубав Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски