МВР: Исхраната на припадниците на посебните единици е подобра и поквалитетна од пред две години

Од:

„Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла политикантските и неточни тврдења изнесени денес во јавноста од страна на политичка партија за наводната несоодветна исхрана на припадниците на Единицата за брзо распоредување. Министерството за внатрешни работи е државна институција, која работи во интерес единатвено на граѓаните. Оттука, во интерес на вистината и точното информирање на јавноста МВР е должна да го соопшти следното:

Состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес, во споредба со до пред две години, согласно сите нутриционистички и други параметри е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед.

Oколу неисплатените прекувремени работни часови јавноста и граѓаните треба да знаат дека претходните законски и други подзаконски решенија, донесени пред неколку години што се уште се во правна сила, а во врска со прекувремената работа, до овој момент буџетот на Министерството го чинат речиси 20 милиони евра, пари на граѓаните изгубени во судски спорови по основ на неисплатени работни часови. Независно што сега интензивно се работи на точните проценки на разните видови штети од таквиот најблаго кажано недомаќински третман со јавните пари, актуелното раководство на МВР отвори процес на сеопфатно решавање на овој проблем кое што не би било ниту на штета на буџетот на министерството ниту на штета на вработените“ се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ