ВИДЕО: Започна средбата Груевски – Црвенковски

Од:

Со 20-минутно задоцнување започна лидерската средба. Освен лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, од страна на опозицијата, на средбата присуствуваат и генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров и Јани Макрадули.

Од другата страна на преговарачката маса се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски, шефот на кабинетот Мартин Протоѓер и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Премиерот Никола Груевски во Клубот на пратеници пристигна со 20-минутно доцнење.

Лидерот на СДСМ, Црвенковски, во повеќе наврати повтори, а тоа ќе му го соопшти и лично на Груевски дека единствен излез од политичката и општествена криза, во која што се најде земјава е организирање на предвремени парламентарни заедно со локалните избори.

Доколку не се исполни овој услов, како и создавање на фер и демократски амбиент за одржување на изборите, опозицијата најави дека ќе ги бојкотира.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР