Димовски: Нема да се зачудам ако Црвенковски во мачо-стил се откаже од барањата

Од:

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, има огромна резерва кон потребата за распишување вонредни избори без за тоа да има институционални, функционални и системски причини.

Во колумна за Дневник, прашува дали само затоа што некој има шанса и можност да креира проблеми, целото општество треба да биде изложено на реално непотребни избори, потреси, трошоци и одолжување на реалните предизвици на државата, и заклучува дека она што им е обврска е да не дозволат партиските приоритети да бидат пред приоритетите на граѓаните и државата.

Разликата меѓу вонредните избори во 2011 година и овој период сега,според Димовски е тоа што пред да побара парламентарни избори, лидерот на СДСМ, јасно и гласно, потврдил дека ќе поднесе оставка од претседателската функција во партијата и дека ќе се повлече од политиката ако неговата партија ги изгуби изборите.

„За жал, на Република Македонија тогаш лидерот на СДСМ и самиот СДСМ не си достојаа на зборот иако шести пат претрпија изборен пораз. По тоа стана јасно дека Црвенковски ќе остане на политичката сцена без разлика на својата неспособност да ја врати СДСМ на власт и без разлика на сите промени што се случуваат во сите други сегменти на политичкото и општественото живеење во Македонија“, заклучува Димовски.

„Денес што и да каже Црвенковски, каков и залог да стави, никој повеќе нема да може да му верува на достоинствено кажани зборови. Тој излажа дека ќе се повлече. Никој денес нема причина да поверува дека тој повторно нема да излаже на истата или на која било друга тема.

– Останува да видиме дали најавата за бојкот на локалните избори ќе заврши исто како блефот за најавениот бојкот на парламентарните избори. Не би бил зачуден ако повторно го видам Црвенковски, во негов мачо-стил, да каже дека не му треба ништо и дека се откажува од сите барања и да се упати на повторно изборно соочување. Нема да му е прв пат. Сега има и причина повеќе. Сега никој рационално мислечки човек, ниту внатре ниту надвор од неговата партија, не го поддржува во оваа намера“, пишува Димовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ