Пролетна акција во штипската населба Пребег

Од:

Штипските јавни претпријатија почнаа со пролетното чистење и уредување во населбата Пребег. Вработените на ЈП „Стипион“ од денеска почнаа со подготвителните работи за санирање на оградата околу кошарскарското игралиште, што беше урната од силниот ветар пред речиси еден месец.

Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека вработени од единицата „Паркови и зеленило“ во ЈП „Исар“ денеска ги косеа зелените површини околу игралиштето, вработените од ЈП „Стипион“ со механизација го средуваа теренот околу игралиштето.

– Така да ќе го спремиме теренот за граѓаните од населбата Пребег , за да рекреираат, а посебно на најмалите граѓани безбедно да споотуваат во населбата Пребег, вели Протогеров.

Во текот на утрешниот ден вработени од „Стипион“ ќе им помагаат и на жителите од урбаната заедница Пребег за реализирање на акцијата „Мрдни со прст“, а ќе се менуваат и уличните светилки, бидејќи во моментов екипите работата во селата од Лакавичкиот регион.

– Промената на светилките во населбата Пребег ќе го изврши утре, бидејќи во текот на денешниот ден вработените на „Стипион“ задолжени за замена на светилките се во Лакавичкиот дел, каде што извршивме замена во селата Софилари, Љуботен, Брест, моментално екипите се во Лакавица, вели Протогеров.

Во текот на утрешниот ден најавена е и акција за расчистување на дива депонија кон селото Шашаварлија.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена