Одбележани 115 години од загинувањето на Гоце Делчев во Штип

Од:

Денеска се одбележаа 115 години од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев. Делегации на Општина Штип, Совет на Општина Штип, претставници од Универзитет „Гоце Делчев“, претставници од средни и основни училишта, претставници од здружение на борци и политички партии положија цвеќе кај спомен релјефот на Гоце Делчев во Ново Село.

На овој настан свое обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов.

„Четврти мај е значаен ден за Република Македонија и се врежува во историјата на истата. Денеска навршуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев кој го загубил својот живот во село Баница, во борба со Турскиот аскер. Еден од најзначајните ликови за нашата држава, кој го жртвувал својот живот за највредното нешто во целиот свет, слободата.

Огромната благодарност, чествувањето на датумот на раѓање и загинување, именување на значајни институции и улици со името на револуционерот Гоце Делчев се нашите придонеси за незаборав на Гоце Делчев кои секогаш ќе бидат премали во споредба со придонесите на еден визионер кој го разбира светот како поле за културен натпревар на народите“, кажа претседателот Миланов.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“