Прскање против комарци во Гевгелја, Боданци, Дојран и Валандово

Од:

Во сите десет општини од Југоисточниот плански регион, меѓу кои и Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово годинава ќе се извршат по две авионски прскања против комарци, што претставува заштитна пракса последниве неколку години.

Од општина Гевгелија соопштија дека во тек е постапката за избор на изведувач, која треба да заврши до 25 мај и дека првото авионско прскање против комарци треба да се изврши во првата половина на јуни.

Претходно, општина Гевгелија самостојно ќе организира теренско прскање против ларви од комарци. Прскањето ќе се изведе во соработка со Центарот за здравје од Гевгелија на утврдени површини по извршен увид на територијата на цела општина.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on