А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Струмица ќе реализира заеднички проекти со Ќустендил и Петрич

by А1он03/05/2018 - 14:53157
Share0

Општина Струмица ќе реализира заеднички проекти со бугарските општини Ќустендил и Петрич во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Таква одлука донесе Советот на општина Струмица на денешната, десетта седница.

Со Ќустендил ќе се реализира проектот „Зачувување на духовните светилишта-одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил“, а вториот со Петрич е за „Заштита на локалното население од Струмица и Петрич од природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човекот“.

Советниците донесоа одлука за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на општината поради допрецизирање на челенови и нивно усогласување со Законот за одбрана.

Следете a1on на Youtube YouTube

На иницијатива на ФК „Академија Пандев“ Советот донесе одлука за именување на општинското фудбалско игралиште во „Филип Лазаревски“, во помен на трагично загинатиот фудбалер на овој клуб.

Советниците донесоа и повеќе решенија за разрешување и именување на претставници на Општина Струмица во училишните одбори на повеќе основни училишта и во Основното музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица.

На денешната седница сите одлуки беа донесени едногласно со само една дискусија.

strumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:51

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:2906/08/2026 - 14:37

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он02/08/2026 - 10:4702/08/2026 - 10:50

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Горан Наумовски19/07/2026 - 20:13

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он04/07/2026 - 15:4804/07/2026 - 15:34

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 20:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео