Поповски: Треба да направиме уште многу за слободата на медиумите

Од:

Заеднички треба да работиме на стандардите во однос на слободата на медиумите кои ќе важат за секоја Влада. Ние досега направивме значително но има уште многу работа, рече на денешната прес-конференција, министерот за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.

– Доказ за тоа дека досега сме направиле многу за слободата на медиумите е извештајот на ЕУ, извештајот од Фридом Хаус и Репортери без граници. Претставниците на владата учествуваат на сите дебати во медиумите каде се повикани. Тоа така и ќе продолжи, рече Поповски.

Министерот за транспарентност истакна дека за оваа владина гарнитура нема да има толеранција за заканите и уцените кон медиумските работници, по што додаде дека силно ги осудуваат досегашните напади врз новинарите.

Во поглед на цензурата, Поповски истакна дека таа е забранета со Устав и во ниту еден случај не смее да се применува.

– Следи период на големи реформи на медиумската сцена, рече Поповски.

Во врска со финансирањето на јавниот сервис по укинување на таксата, министерот истакна дека засега планот е МРТВ да се финансира од буџетот на РМ, конкретно 0,7% да оди за јавниот сервис и овој процент за четири години отсега да порасне за 0,3% односно да достигне 1%.

Покрај другото Поповски потсети дека ќе биде забрането било какво буџетско рекламирање со владини реклами.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа