(ВИДЕО) Атанасов: Со новиот Закон за високо образование, универзитетите им се враќаат на професорите и студентите

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со спроведување на мерките за унапредување на образованието, што е предуслов за општествен развој,економски напредок и повисок животен стандард.

Пратениците од владејачкото мнозинство вчера го изгласаа Законот за високо образование, кој обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот“, рече Петар Атанасов, пратеник на СДСМ.

„Со новата законска регулатива универзитетот што досега свесно беше ставен на маргините на општеството, повторно станува важен дел на системот. Ја обезбедуваме уставно загарантираната академска слобода, достоинство на професорите и на студентите и го враќаме угледот на универзитетот.

Три основни начела се вградени во новото законско решение: почитување на автономијата на универзитетот, дизајнирање на нов начин на управување со универзитетот, како и решавање на суштинските прашања, квалитетот и финансирањето во високото образование.

Универзитетите, преку овој закон, им се враќаат на професорите и на студентите, без можност за дневно – политички влијанија во спроведувањето на нивната настава, научна и кадровска политика.

Создадовме услови државните универзитети вистински да се реформираат, но не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку подемократско и потранспарентно управување во кое одлучувачки фактор ќе бидат професорите, нивните матични институции и студентите.

Ова ново и исклучително важно законско решение беше подготвено во соработка со претставници на универзитетите, на синдикатите во образованието, како и претставници од професорскиот и од студентскиот пленум што дава дополнителен квалитет.

Исто така, процесот на подготовка на Законот го следеа низа јавни расправи, при што беа земени предвид мислењата и предлозите што произлегоа од тие дебати.

Низ еден транспарентен и инклузивен процес усвоивме закон кој е целосно во согласност со европските стандарди и критериуми, кој гарантира обезбедување квалитет во високото образование“, изјави Петар Атанасов, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски