Османи: Слободата на медиумите е слика за состојбата во општеството

Од:

По повод одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите, Секретаријатот за европски прашања, во Клубот на пратенците оранизираше неформален брифинг и појадок со претставниците на медиумите во рамките на кој преку отворен и искрен разговор се дискутираше на мноштво теми од општествен интерес.

Прашањата поврзани со медиумите и транспарентноста на политичкиот процес, независноста во информирањето, одговорноста на државата и институциите кон јавноста како и современите предизвици како што се лажните вести и манипулациите, се секогаш интересни за разговор.

„Денес е светскиот ден на слободата на известувањето, што секако претставува еден од темелните, можеби и најважен сегмент, на кој почива изградбата на едно современо демократско општество”- истакна Бујар Османи во своето кусо воведно обраќање пред почетокот на неформалниот брифинг со претставниците на медиумите.

Во продолжение тој потенцираше дека медиумската сфера не претставува изолиран систем, туку слободата на медиумите се гради преку изградбата на стабилни институции, владеењето на правото, транспарентноста на Владата и државните институции, конкурентност, почитување на правилата и дека затоа слободата на медиумите претставува јасна слика за состојбата во општеството, за степенот на демократскиот развој, воопшто за степенот на цивилизациски развој.

„Се надевам дека ова дружење ќе може да прерасне и во традиција со што секоја година ќе го одбележуваме овој важен ден, како потсетник дека медиумската слобода треба постојано да се негува, а нејзината придобивка, соодветно да се одбележи”- заклучи Османи.

Во текот на брифингот, претставниците на медиумите имаа можност да ги постават сите прашања околу актуелни општествено политички случувања, како и во отворена атмосфера да ги понудат своите видувања, своите размислувања, забелешки и коментари.

Би можело да ве интересира

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата