Оставете ги цигарите – намалете ја нервозата

Од:

 Погрешно е убедувањето на пушачите дека со оставањето на цигарите ќе се зголеми нивната нервоза на подолг временски период, покажуваат резултатите од едно истражување објавено во британското научно списание БЈП.

Пушачите кои ќе успеат да се откажат од цигарите долгорочно ја намалуваат вознемиреноста, додека кај оние кои нема да успеат доаѓа до нејзино зголемување.

Група британски научници од Кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетот Саутемптон дошле до овој заклучок следејќи 491 пушач, учесници во програмата за откажување на цигарите, во која се комбинираат психотерапија, едукација и лекување со медикаменти.

Тие со помош на прашалник го мереле нивото на стрес пред престанувањето со пушење, а потоа и шест месеци подоцна.

Резултатот покажал дека кај пациентите, кај кои успеало одвикнувањето од пушење дошло до поголемо намалување на вознемиреноста, отколку кај пациентите кои не успеале во тоа.

Тенденцијата била поизразена кај лицата со некои психички заболувања.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

СЗО им објави „војна“ на електронските цигари

Жарко Настоски

Пушењето значи поголема опасност при зараза со Ковид-19

Македонците се најжестоки пушачи во регионот и Европа и меѓу првите десет во светот