Доделување на признанието „Златен објектив“ во Кинотека на Македонија

Од:

На филмскиот работник Панта Мижимаков денеска во Кинотеката на Македонија ќе му биде доделено признанието за исклучителен придонес во македонската кинематографија „Златен објектив“.

Кинотеката на Македонија го доделува ова признание на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира.

Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски и Љубе Петковски, доајените Благоја Дрнков, Трајче Попов, Коста Крпач, Илинденка Петрушева.

По свеченото доделување на „Златниот објектив“, ќе се одржи и проекција на краткиот документарен филм „Ликвидатор“ во режија на Трајче Попов.

По завршувањето на проекцијата ќе следи разговор со Панта Мижамаков на кој ќе бидат присутни истакнатите филмски работници Илинденка Петрушева, Русомир Богдановски и Столе Попов.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска