Волво почна со тестирање на зглобни електрични автобуси

Од:

Компанијата Волво ги започна тестирањето на своите зглобни електрични автобуси, во Гетеборг, Шведска. Во сообраќај се очекува да бидат пуштени во јуни.

Новите автобуси се долги 18,7 метри и можат да соберат до 135 патници, што е значително повеќе од 12-метарските електробуси, односно моделот 7900 кој сега е во продажба.

Денес Волво има само два прототипа на зглобни електрични Електри-Сити автобуси.

Новите електробуси на Волво имаат поголема батерија, Оп-Чарџ систем за брзо полнење (до 450 киловати) на автобуските станици.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска