Собранието ги донесе законите за судовите, за Судски совет и за високото образование

Од:

Собранието на Република Македонија на денешната 45. седница ги донесе Законот за високото образование и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето и за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Процедурално координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече дека нема да гласаат за Законот за високото образование бидејќи не бил прифатен ниеден од амандманите што ги поднеле. Според него, многу аналитичари и експерти во оваа област сметаат дека со ова законско решение, високообразовниот систем во Македонија се враќа триесетина години наназад.

Собранието по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на законите за ревизија, за хартии од вредност, за Кредитно биро и за технолошки индустриски развојни зони.

Реагираше Данев, кој побара да прекине праксата на носење закони по скаратена постапка.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев реплицирајќи му на Данев рече дека во однос на пакетот на реформски закони што Република Македонија го прифати како задача и пред домашната и меѓународната јавност, добро е што опозицијата даде свој конструктивен придонес.

– Од 60 точки на денешниот дневен ред, 47 се закони кои се носат во редовна постапка, а само четири закони се во скратена постапка. Другите точки се ратификации или автентични толкувања, рече Тунтев.

Пратениците денеска го донесоа и Законот за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.

На денешната седница претседателот на Собранието Талат Џафери ја констатира оставката на Ѓорги Сламков од функцијата претседател на Комисијата за заштита на првото за слободен пристап до информациите.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата