Демократски сојуз: Борбата за права треба да продолжи

Од:

„Демократскиот сојуз на сите работници им го честита 1-ви Мај, Денот на работничката класа, кога на овој ден во Чикаго, во 1886 година, се организираа масовни демонстрации за правата на работниците.

За зачувување на стекнатите права, но и за стекнување со нови за подобри услови за работа, за соодветно вреднување на работата, како и за подостоинствен живот, само работниците можат да се изборат, доколку се организирани, единствени и силен партнер за разговори со Власта.

Кохабитацијата со Власта секогаш завршувала со кратење на работничките права и во интерес на работодавачите.

По кратењата на многу права на работниците во изминатите години, промените во Македонија, треба да резултираат и со позитивни реформи во работничкото законодавство и натамошно зголемување на платите и правата на работниците, како и подобрување на условите за живот за сите.

Овој ден е само потсетување дека “борбата” за права треба да продолжи“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски