(ВИДЕО) Мицкоски: Мора да се промени тажната слика за работничките права, работниците заслужуваат подобро

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со видео-порака го честита Меѓународниот ден на трудот и рече дека има највисоко и најдлабоко почитување на сите работници кои со труд и вистинска посветеност, чесност и макотрпна работа обезбедуваат егзистенција за себе и своето семејство.

– Во оваа прилика ќе ми дозволите да ги споменам и илјадниците кои бараат работа што исто така е подеднаков проблем и треба да биде грижа на оваа држава. Унапредувањето на правата на работниците е константен процес во кој клучна улога има владата на една земја. Денес состојбата со работничките права во државава е загрижувачка. Има сериозни информации за непочитување на минималната плата. Недоволно платениот труд исто така преставува проблем кој ги засега работниците. Наспроти ветувањата за зголемување, просечната плата опаѓа, а најсериозно загрозени се земјоделието, рударството и транспортот. Платата не ја покрива потрошувачката кошница на едно семејство, рече Мицкоски.

Тој додаде дека лошите услови за работа, мобингот на работните места исто така претставуваат сериозен предизвик кој треба да се реши.

– Воедно и најавите за зголемување на границата за старосната пензија, како и дебатата за зголемување на даноците се работи кои ќе се прекршат на грбот на работниците. Алармантно е што и покрај ветувањата пред неполна година дека ќе се најде излез се уште нема решение за вработените во Еврокомпозит од Прилеп и Колска од Велес. Таму платите доцнат со месеци, а трајното решение е се подалеку. Администрација е мета на постојани критики, притисоци и партиски реваншизам од страна на власта. Но во суштина нејзината ефикасност зависи пред се од степенот на способност на менаџерите од институциите. Оваа тажна слика за работничките права мора да се промени. Работниците мора да почувствуваат сигурност и заштита. Тие заслужуваат подобро. Доаѓа ново утро за Република Македонија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Дубаи ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали