ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ нема крај

Од:

„Урбаниот и сообраќајниот хаос во Дебар Маало продолжува.

Лицемерието на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ нема крај.

Тој го одби барањето на центарци за конечно ослободување на тротоарите во Дебар Маало од автомобили под изговор дека тоа не може да се реши преку ноќ.

СДСМ ја има власта во општина Центар, а за граѓаните од оваа населба речиси ништо не е направено.

Граѓаните се приморани наместо на тротоар да одат на улица, а со тоа им се загрозува нивната безбедност, а и животот не само на нив туку и на нивните деца.

До кога Богдановиќ ќе ги лаже граѓаните? Освен ситни политички поени и продавање на демагогии Богдановиќ ништо не направи од тоа што го ветуваше.

Тој ветуваше живот, ослободување на тротоарите воздух за сите, а наместо тоа граѓаните добија само лаги и манипулации“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито