Почна проектот за промена на азбестни цевки во Крива Паланка

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски денеска го најави стартот на проектот Реконструкција на дел од водоводната мрежа. Во наредниот период, според првиот човек на градот, ќе се работи на замена на постоечките азбестно-цементни цевки во водоводната мрежа со полиетилентски водоводни цевки.

– Ова е само еден од горливите проблеми со кои се соочуваше Крива Паланка не само од еколошки аспект, туку и од аспект на заштеда на огромни количини вода, како и поради постојаните дефекти кои се јавуваат овде. За таа цел обезбедивме 13 милиони денари или 210 илјади евра со кои што во наредниот период ќе направиме зафати на повеќе улици во централниот дел на градот: „Моша Пијаде“, „Партизанска“, „Херој Карпош“, „8 Октомври“, „11 Октомври“ и „Борис Кидрич“, истакна Мицевски.

Посочи дека е предвидено реализацијата на целиот проект да трае осум месеци по потпишување на договорот со изведувачот, но сепак, како што кажа, очекувањата се дека неговата реализација ќе биде порано.

Вредноста на проектот според проектната документација била 14,5 милиони денари без ДДВ, но со јавната набавка се постигнала пониска цена на чинење. Со овој проект ќе биде заменета водоводна мрежа со вкупна должина од 2.844 метри.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски