Андоновска: Наместо паркот кој го ветуваше Богоев во Карпош 4 има купишта ѓубре и извор на разни зарази и болести

Од:

„Се наоѓаме во Карпош 4. Ова позади нас е местото каде Стефан Богоев, градоначалник на Карпош во предизборниот период ветуваше изградба на голем парк.

Богоев ветуваше цитирам: „Големиот парк ќе се простира од потегот на Скејт паркот до бунарите за вода, по должина на реката Вардар паралелно со Карпош 4, Карпош 3, Злокуќани, Влае 1 и останатите населби. Паркот треба да биде поврзан и со пешачки премин кој ќе оди над улицата „Илинденска“ како и со мостот „Газела“, со другата страна на Вардар, односно делот од Карпош кај Злокуќани“, вели Теодора Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо парк гледаме купишта ѓубре.

Ова место е еколошка бомба и најдобар доказ за негрижата на Богоев. Дополнително е потенцијално место и извор на разни зарази и болести.

Стефан Богоев и после 6 месеци како градоначалник на Карпош ги лаже жителите на оваа општина.

Освен празни ветувања ништо друго не видовме од градоначалникот Богоев.

Ниту парк видовме, ниту ветениот мост е во најава, а ниту пак се забележани било какви градежни активности.

Вака ли треба да изгледа една урбана скопска општина.

Го прашуваме Богоев зошто ветуваше проекти на жителите на Карпош кога не може да исполни ниту едно од нив!

Вака ли Богоев го замислува разеленувањето на Карпош!

Му порачуваме на градоначалникот Богоев наместо да се занимава со политиканство и добивање на ситни политички поени како и со бркање на луѓето од работа да почне да ги реализира своите ветувања дадени во предизборниот период“, рече Теодора Андоновска.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот