Полицајци и родители во ноќна обиколка на угостителските објекти низ Охрид

Од:

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид синоќа го реализираше проектот „Полициско-родителски патроли“.

Во активноста покрај припадници на СВР биле вклучени 15-тина родители што доброволно се пријавиле да бидат дел од проектот, како и претставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од образовните центри во Охрид.

Притоа биле посетени ноќни клубови и угостителски објекти како и други места каде се собираат пред се тинејџери, при што родителите имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави. Полициските службеници, согласно овластувањата, легитимираа повеќе гости во угостителските објектви и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски што мора да се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија