„Ауди“ повлече 1,1 милиони автомобили поради ризик од пожар

Од:

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ повторно повлече автомобили од продажба со бензиски 2.0 ТФСИ мотор поради проблеми со пумпата на ладилникот. Поради постоење на опасност пумпата на течноста за ладење да предизвика пожар предизвикан од влага или запушување, „Ауди“ повлече 1,1 милиони возила од целиот свет.

Сервиската акција се однесува на моделите A5 произведени 2013-2017 година, Q5 од 2013-2017, A4 2013-2016. и A6 2012-2015 година. „Ауди“ и минатата година се обиде да го реши овој проблем со доработка на софтверот, кој требаше да обезбеди прекин на доводот на струја во пумпата во случај на запушување или на неисправна работа, но очигледно таа метода не беше успешна.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Постои основан сомнеж дека Груби го добил аудито затоа што влијаел врз милионски тендер и купопродажба на хотел на Попова Шапка

Предраг Петровиќ

Груби нема да добие ниту сообраќајна казна за запаленото „ауди’: Може да вози кола на пријател без полномошно

A1on

Четири прстени на врвот на светот: Audi e-tron GT ја доби наградата World Car 2022

Ауди ја купи групацијата Мекларен и Формула 1 тимот

Спортски, практичен и елегантен: Пристигна Новиот Audi Q5 Sportback

Ауди го претстави електричниот седан e-tron GT

Наум Локоски