Во Боговиње полицијата дел од проект за намалување на сообраќајните несреќи

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово вчера се вклучија во заедничкиот проект „Грижи се за секое дете како за свое дете“ чии носители се Културно-хуманитарното здружение „Вепра“ и Здружението „АВФИ Цирих“ од Боговиње во соработка со Oсновното училиште „Абдил Фрашери“ од ова тетовско село.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, полицајците ги запознале најмладите основци, првачињата од училиштето во Боговиње, како најбезбедно да се движат и да го преминуваат коловозот, а на возачите им демонстрирале и ги советувале како тие да се однесуваат во населени места, и посебно во близина на училиштата.

– Целта на активностите во кои учествуваше СВР Тетово покрај другото беше да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на учениците, учесници во сообраќајот како пешаци, велосипедисти и слично. Истовремено, целта е и возачите да се поттикнат и да им се укаже секогаш и секаде да им даваат предност на пешаците и особено на учениците во функција на намалување на сообраќајните несреќи. Ова дотолку повеќе што во последно време на поширокото тетовско подрачје зачестија сообраќајните несреќи со повредени пешаци меѓу кои се среќаваат и малолетни деца најмногу поради недавање предност, пребрзо возење, рече Јосифовски.

Тој посочи дека вакви и слични активности се планирани и во наредниот период со кои СВР Тетово самостојно или како соорганизатор ќе ги реализира, а се со превентивно-образовна намена.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски