Кошаркарот на Химки, Алексеј Швед постави рекорд во Евролигата, откако на натпреварот против ЦСКА Москва погоди осум удари зад линијата за три поени.
Швед четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против ЦСКА Москва го заврши со 36 поени.
Сепак, ниту таквите бројки не беа доволни Химки да го избегне поразот (88:89) и по 1-3 во победи е елиминиран од потрофејниот руски тим.