Работна средба за унапредување на соработката меѓу Македонија и Косово во областа на здравството

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, придружуван од заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, државниот секретар, д-р Владимир Милошев, директорот на ФЗОМ, Ден Дончев, директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани, се сретнаа со Уран Исмаили, министер за здравство на Република Косово, придружуван од косовска делегација.

За време на официјалната посета министрите за здравство од Република Македонија и Република Косово остварија билатерална средба на која се дискутираше за можностите за заедничка соработка и промоција во делот на здравствена заштита меѓу двете земји.

Министерот за здравство на Република Косово, Уран Исмаили, изрази голема благодарност за средбата и можноста за соработка во делот на здравството, посебно за начинот на кој функционира „Мој Термин“ во земјава, цената на лековите и можноста за едукација на кадри.

Министерот за здравство на Република Македонија, д-р Венко Филипче, изрази голема поддршка и најави блиска соработка со Министерството за здравство на Република Косово.

Исто така беше истакнато и дека заедничката соработка меѓу двете земји ќе биде и голем сигнал за Европската Унија која ќе го гледа напредокот во градењето на мостови и одлични билатерални односи меѓу двете земји.

Официјалната средба продолжи со посета на Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија, Универзитетска клиника за неврохирургија и Универзитетска клиника за детски болести. Косовската делегација имаше прилика одблиску да го види функционирањето и организираноста на македонскиот здравствен систем.

Денешната посета беше добар старт за соработка меѓу двете министерства за здравство кое ќе продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Двајца мажи се застрелани во крвна одмазда пред судот во Пеќ

Горан Наумовски

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Повеќе од 210.000 граѓани го напуштија Косово откако Курти е на власт

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

Боцан-Харченко: Западот ја предизвика кризата во Република Српска и на Косово за да го собори Вучиќ

Горан Наумовски