ДОМ: Општина Центар со сериозен пристап во ревизијата на ДУП-овите

Од:

„Со одлуката за продолжување на мораториумот за спроведување на спорните ДУП-и, Советот и Градоначалникот на општина Центар уште еднаш покажаа одговорност и одлучност да обезбедат квалитетни услови за живот и минимум 20% зеленило на градежна парцела, според Законот за зеленило.

Општина Центар, на ваков начин, може да биде пример и за другите општини во Скопје и надвор од него, за сериозен пристап во ревизијата на еколошки несоодветните ДУП-и. Веруваме дека и другите општини може да ги искористат истите аргументи за да ја подобрат состојбата со урбанизмот и животната средина, а во интерес на своите граѓани.

Имено, во 31 ДУП во Центар е констатирано несогласување со ГУП-от на Град Скопје во делот на пропишаните еколошки услови: зеленило, растојание меѓу објекти, проветреност, осончаност, паркирање, движење на пешаци и возила, инфраструктура итн“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски