Димитров се сретна со пратеници од Групата за француско-македонско пријателство во француското Собрание

Од:

Заложбите за јакнење на билатералната соработка меѓу Македонија и Франција, парламентарната димензија како значајна нишка во приближувањето на двете земји и француската поддршка во процесот на европската и евроатланската интеграција на нашата земја беа темите на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со претседателот на Групата за пријателство со Македонија во француското собрание Бернард Сор и потпретседателот Грегори Галбадон.

Димитров брифираше за реализираната реформска агенда која се рефлектираше во позитивниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и препораката за отпочнување на пристапните преговори.

Во овој контекст, беа образложени и активностите за унапредување на односите со соседите со посебен акцент за изнаоѓање прифатливо решение во надминување на билатералниот спор со соседна Грција.

– Имаме одличен извештај од ЕК, во кој Република Македонија е земја со голем прогрес во однос на претходниот извештај. Следните два месеци за нас се исклучително важни, рече Димитров.

Нагласи дека на земјава и е потребна поддршката на Франција за почнувањето на европското патување.

– Тоа е долго патување и секоја поддршка, а особено од земја како Франција е само мотив плус за приближување кон европското семејство, кое е наша цел, рече тој.

Со амбасадорот Тимоние, додаде шефот на дипломатијата, заедно работиме на поголемо присуство на француски компании во Македонија.

– Покрај политичките, парламентарните односи, многу е важно да има што повеќе иницијативи и интереси меѓу двете земји, додаде Димитров.

Пратениците од Франција ја поздравија одлуката за назначување на амбасадор на РМ во Франција, што претставува причина за зголемена соработка и охрабрување за остварувањето на сите иницијативи кои се од заемен интерес.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија