Француските трупи ги зазедоа градовите Диабали и Доуенца

Од:

Француските трупи, по неколкудневни судири, ја презедоа контролата на централните градови во Мали, Диабали и Доуенца, кои паднаа под контрола на бунтовниците непосредно по почетокот на француската воена интервенција.

Рано утрово, француските и трупите на Мали влегоа во Диабали и Доуенца, речиси без никаков отпор. Жителите велат дека бунтовниците побегнале во текот на ноќта. Сепак, пред да влезат во градот Доуенца, градот беше бомбардиран од француската армија. Информациите вели дека бунтовниците избегнуваат директна конфронтација со француските војници, и дека започнале повлекување кон планинскиот регион KКидал, околу 1.500 километри северно од главниот град Бамако.

Францускиот командант, кој се претстави само како “полковник Фредерик”, истакна дека конфликтот во Мали би можел да потрае некое време. Слични изјави даде и францускиот министер за одбрана, Жан-Ив Ле Дриан, велејќи дека целта на мисијата е “целосна контрола”.

Оваа недела од Нигерија, Того и Бенин пристигнаа 400 војници во Бамако. Франција на терен сега веќе има 2.000, но се очекува да пристигнат уште француски војници. Воздушните напади на бунтовничките позиции траат 10-ина дена.
Според некои информации од почетокот на француската воена интервенција убиени се над 100 милитанти. Францускиот министер за одбрана тврди дека нема информации за цивилни жртви.

Во исто време, Амнести интернешенел истакнува дека постојат информации дека армијата на Мали, злоупотребува и убива цивили. Исто така, организацијата истакнува дека се вршат тешки бомбардирања на туарешките номадски логори. Жителите на градот Мопти зборуваат за апсења, испитувања и тортура врз невини цивили од страна на армијата на Мали, пренесува Гардијан.

На прашањето “Дали трупите извршиле воени злосторства” министерот за правда на Мали, Малик Кулибали, само одговорил: “Ниедна армијата не е совршена.”

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска