Мун и Ким потпишаа декларација за денуклеаризација и за крај на војната

Од:

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун постигнаа историски договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната.

Во заедничкото соопштение се наведува дека „нема да има повеќе војна на Корејскиот Полуостров и оти почнува нова ера на мирот“.

– Ајде да ги исполниме очекувањата на луѓето и светот да го направиме подобар. Ветувам дека ќе бидеме се подобри во иднина, посочи Ким.

Во декларацијата се наведува дека Мун и Ким се договориле да почнат да работат на целосна декларација на Корејскиот Полуостров. Според западните медиуми, договорено е Корејскиот Полуостров да се ослободи од нуклеарното оружје, но двајцата лидери не понудиле нови специфични мерки како тоа да се постигне.

Мировниот договор помеѓу Јужна и Северна Кореја треба официјално да биде потпишан до крајот на годината. По завршување на војната во 1953 година помеѓу двете земји бешпе потпишан само мировен договор, што технички значи дека Северна и Јужна Кореја се уште се во војна.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ