Француските медиуми денеска го пренесоа апелот од ќерката на Јулија Тимошенко, Јевгенија, која го моли украинскиот претседател Виктор Јануковиќ да не ја убива нејзината мајка.
„За мене е сосема јасно дека сакаат да ја убијат мама, дека станува збор за убиство со умисла“, изјави Јевгенија во соопштение лиферувано од партијата на Тимошенко Општоукраинско обединување „Татковина“.
Украинското обвинителство денеска објави видео снимка од моментот кога директорот на затворот во кој се наоѓа Тимошенко, ја информира за новите обвиненија против неа. Од снимката се гледа дека таа информацијата ја примила мирно. На снимката се гледа дека таа е во болничка соба од затворот, каде се лекува од дискус хернија.