Се санираат ударните дупки во Струмица

Од:

Во Струмица привршува санацијата на ударните дупки во неколку делови на градот, информираат од Одделението за комунани работи при општина Струмица.

Во текот на вчерашнит ден се изведуваа завршните работи за санирање на ударните дупки во централното градско подрачје, односно на булеварот „Ленинова“, кружниот тек кој ги поврзува булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ , кружниот тек кој ги поврзува улицата „Крушевска Република“ со улицата „Маршал Тито“, како и делници од улицата „Крушевска Република“.

Во завршна фаза е и санацијата на ударните дупки на периферијата на градот, и тоа на улицата „Ристоман Попчевски“ што води кон спојот со улицата „Бетовенова“, како и на „Просенички пат“ и на други локации.

Од Одделението за комунални работи апелираат до граѓаните за трпение и разбирање за оние ударни дупки кои не се опфатени со програмата и информираат дека тие ќе бидат санирани во наредниот период.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите