Во Штип обука на над 700 вработени во детските градинки

Од:

Над 700 воспитувачи, негувателки, стручни соработници и раководствата на детските градинки од земјава од денеска се на дводневна обука во Штип.

Обуката се реализира од страна на Просветно дело, Факултетот за образовни науки при универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип, а како коорганизатори се и Педагошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Проректорот на УГД-Штип, Кирил Барбареев вели дека ќе бидат опфатени повеќе теми, а тој како универзитетски професот на Факултетот за образовни науки ќе говори за најновите истражувања за говорот на децата од предучилишна возраст, но и за новите методи и техники за работа.

Тој забележува дека воспитувачите и негователките од градинките немаат многу вакви средби и обуки, заедно со институциите и со наставниот кадар од универзитетите во земјава.

Ксенија Маказлиева -Трајчева од Просветно дело вели дека целта на обуката е воспитувачите, негователките и сите кои работат со децата од предучилишна возраст да се запознаат со програмата за работа, која е одобрена од ресорното Министерство и со списанието Росица, кое е најстаро списание за деца од предучилишна возраст.

-Пред се за тоа кои се неговите концепти, применливост, кои се неговите медотичко-дидактички аспекти во образованието во предучилишното образование, вели Маказалиева -Трајчева.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат соопштени и заклучоците за темите на кои ќе разговараат вработените во детските градинки заедно со универзитетските професори.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена