Спасовски: Пратениците за 27 април беа приведени на барање на обвинителството

Од:

Сите наредби за приведување за насилствата од 27 април во Собранието на Република Македонија се издадени од судија на претходна постапка врз претходно барање на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција. А во однос на пратениците, не станува збор за притвор туку за приведување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање.

– Пратениците во македонското Собрание имаат функционален имунитет, не материјален имунитет. И функционалниот имунитет значи неодобрување на притвор без притоа Собранието да ги донесе одлуките за одземање на имунитет. Овде не станува збор за притвор, туку за приведување, а врз основа на правилниците со коишто работи МВР за начинот на којшто беа приведени сите од настаните на 27-ми, стои дека при приведувањето се води посебна сметка за малолетни лица, инвалидни лица и видно бремени жени, рече Спасовски.

Такви лица, според министерот за внатрешни работи, немало во тие што беа приведени.

– Посебно пратениците – ниту малолетни се, ниту инвалиди се, можеа да ги отворат вратите со две раце на Собранието, ниту пак имаше бремени жени. И во тој дел е направена веднаш внатрешна контрола од Одделот за внатрешна контрола постапувал без никој да даде насока за таква работа и извештајот е даден до Народниот правобранител на РМ, посочи Спасовски.

Според него, народниот правобранител има право да цени, ги има добиено сите акти, сите прописи, наредба од судија и може да цени и да донесува извештаи.

– Само укажувам дека врз основа на сите законски прописи и норми полицијата има постапено врз основа на Закон, на Устав и на подзаконски акти на основа на коишто ние постапуваме, рече министерот.

Спасовски рече дека за обвинувањата за приведувањето на пратениците од полицијата дал неколку пати одговор, но одговори уште еднаш како што кажа обрајќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во „предвечерјето на 27 април кога организиравте и го нападнавте македонското Собрание и го рушевте Уставниот поредок на Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР